Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, понеделник, 27 април, продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Tермините на поаѓање и останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се видат на веб-страницата на ЈСП Скопје.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.