Фото: Илустрација/Игор Банколиев

Поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 задутре ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА), и булеварот „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булеварот „Илинден“.

Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници.