Ќе се реновираат живеалиштата на кенгурите и лавовите во скопската зоолошка

82

Започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав во скопслата зоолошка, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка.

Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Први кои ќе се реновираат се реонот „Австралија“, односно живеалиштето на кенгурите и живеалиштето на лавовите. Ќе се реновира и разубавува и просторот околу живеалиштата, па така освен животните и посетителите ќе имаат можност да уживаат во сосема нови катчиња. Во меѓувреме е завршено живеалиштето за шимапнзата, а ќе започне да се гради и новото живеалиште за фламингата.