Ќе се истражува каков отпад бил согоруван во Дрисла

155

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани нов управен и нов надзорен одбор, најави денеска скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Тој ги повика институциите, организаците и сите заинтересирани граѓани заеднички да направат анализа на досегашното работење на „Дрисла“ и да ги утврдат следните чекори по неповртано изгубените девет години. По раскинувањето на договорот со досегашниот концесионер ФЦЛ „Амбиенте“, градоначалникот не очекува тужби.

– Две години водевме филигрански прецизна правна игра за Градот да не може да биде предмет на руба – вели Шилегов.

Тој нагласи дека неговата цел е депонијата да ја направи санитарна, според него, досега таа не била санитарна. Исто така најави дека со анализите на работењето ќе се утврдува и каков отпад бил согоруван и складиран по скандалот со ѓубрето во Бугарија, во кој е вмешан досегашниот директор на „Дрисла“, Горан Ангелов.