ЈСП со две нови линии за Саемот на книгата

1133

ЈСП Скопје воведе две нови автобуски линии за полесен пристап на посетителите на Саемот на книгата 2018, што ќе се одржува од 3 до 9 мај во ВИП арената. Линиите се воведени на барање на Скопски саем.

Линија 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче по булеварот „Јане Сандански“, Нова железничка станица, Југодрво, Рекорд, Соборен храм, по булеварот „Партизански одреди“, Поликлиниката Букурешт до ВИП арената.

Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион преку улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Партизански одреди“, Поликлиниката Букурешт до ВИП арената.

Вклучувањето во сообраќај ќе биде од 11 часот, а исклучувањето во 19 часот.