ЈП Водовод и канализација го објави месечниот преглед на оперативни активности за септември

45

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемена информираност на јавноста за
спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за септември, 2020 година. Сите оперативни активности спроведени од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се со цел пресретнување на потребите на корисниците и граѓаните на град Скопје, одржување на водоснабдителниот систем, подобрување и унапредување на инфраструктурата и одржување на висококвалитетното ниво на водата за пиење. ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје.
Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010,
[email protected] , https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/ . Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и IOS.

Сектор Водовод

– 1.260 интервенции (отстранети дефекти – 114 улични и 535 дефекти на шахти,
поставени се 19 затворачи, 26 огрлици, 120 приклучни цефки, 16 хидранти, 21 нови
приклучоци, променети 337 водомери, 72 изведби на водоводна мрежа).

Сектор Канализација

– 22.140 интервенции (7.815 проверки на шахти, 9,885 изведби на површинско чистење
на решетки од сливници, 4.031 изведби на рачно чистење шахти и сливници, влечење
на талог од 51 шахти со употреба на ЦВ; 44 перења на канализација со ЦВ; 215
отпушувања на канализација со ЦП; 3 отпушување со сајла; 2 перења на шахти и 13
сливници со ЦП; 21 акција за отстранување на отпад со возило; 19 чистењa на сифон;
11 чистења на решетки; 2 поправки на сливници; 8 монтажи на лимен капак; 2 промени
на капак тежок тип; 2 поправки на капак тежок тип; 3 монтажи на решетки од сливник;
1 монтажа на бетонски капак; 8 монтажи на бетонски сливник; 2 монтажи на комплет
шахти; 29 влечење од јама; снимање со камера (490м); рачно чистење на атмосферски
канал и 1 изведба на приклучок на фонтана;

Сектор за технички работи и развој

– се работеше на: 9 основни проекти (2 за водоводна мрежа, 3 за фекална канализација, 1 за
фекален колектор и 3 за атмосферска канализација), 1 проект за дислокација на водоводна
мрежа, 1 проект за реконструкција и доградба на атмосверски испуст, 1 проект за
пренасочување на фекална канализација по крак на сервисна улица, 1 проект за
дислокација на водоводна мрежа по крак на сервисна улица. Изврши надзор по барање
на инвеститори на ниво на Градот, општините и Претпријатието.

Сектор Механизација

– секојдневно опслужување со механизација и возила на сите сектори и изврши 254
интервенции

Дежурно информативен центар

– пријавени и реализирани 2.153 интервенции
Сектор за санитарна контрола
– 1.889 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот
водоснабдителен систем