Шуга во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош

386
Фото: Дарко Андоновски

Случај на шуга е евидентиран кај еден ученик од второ одделение во основното општинско училиште „Владо Тасевски“ во Скопје.

Заради превентивни причини, учениците утринава беа ослободени од настава.

– Сакаме да ја известиме јавноста, учениците и сите родители дека нема простор за паника. Кај ниту еден друг ученик не се појавени симптоми на ова заболување, а во изминатиот период, општината Карпош направи редовна дезинфекција на училиштето. Во текот на денот ќе се направи уште една, вонредна дезинфекција. Изолираниот случај на шуга, по втор пат се појавува кај истиот ученик, поради недоволна семејна грижа за личната хигиена – информираат од општина Карпош.

Оттаму додаваат дека одделението за детска, социјална и здравствена заштита при општина Карпош и Центарот за јавно здравје веќе се во комуникација со матичниот лекар, специјалист – дерматолог кој констатирал шуга кај ученикот.

Редовната и непречена настава во училиштето ќе продолжи во понеделник, 19.11.2018 година.

Од училиштето не сакаа да дадат податоци за појавата на шуга кај ученикот. Кратко ни искоментираа дека не даваат изјави и дека постапката е во тек.

Д.Т.З.