Чистење, косење и менување на чешмите во Ѓорче Петров

95

Службите на општината Ѓорче Петров во изминатите денови спроведоа голема акција за чистење и косење површини на нивната територија. Поконкретно, се средуваа делови од населеното место Даме Груев. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со реонско распоредување на работниците, за да се опфатат сите делови на оваа скопска локална самоуправа.

Дополнително, на повеќе локации во урбаниот и руралниот дел на оваа општина се променети чешмите за пиење вода, кои беа речиси во неупотреблива состојба и општинските власти апелираа до граѓаните новопоставените чешми соодветно да се чуваат, особено поради нивната неопходност во топлите летни денови.