Центар ја реконструира улицата Ѓуро Ѓоновиќ

49

Општината Центар интензивно работи на изградба на нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа на улицата Ѓуро Ѓоновиќ во старата скопска населба Маџир Маало. Ова е само уште една од планираните градежни активности за реконструкција на улиците и сервисирање на ударните дупки на коловозите.

– Оваа недела, службите на општината се на терен во населбата Маџир Маало, каде што интензивно се работи на санирање на оштетувањата на уличната инфраструктура.
На улицата Ѓуро Ѓоновиќ, освен редовното одржување, поставен е нов фекален колектор, како и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа. И овој зафат е дел од летната акција на општината Центар за сервисирање на улиците на нејзината територија – соопштуваат од општината Центар.