Хуманитарна акција во Скопје ЗОО – Донираме за малата Симона

70

Апел до сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната акција за четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, која боледува од акутна нелимфобластна
лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона и родителите веќе се
во Загреб. Потребно е да соберат 140 000 евра за лекувањето.

Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела, 27 октомври. Од 09.00 – 18.00 часот ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.

Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона!
Броеви за донации:
Телеком 143 424
А1 143 460