Филмско апсење во центарот на Скопје: Полицајка пливала во Вардар за да фати крадец

1279

Полициска службеничка привела четириесет и четиригодишно лице, со иницијали Б.Ш. од Скопје поради тешка кражба.

Како што јави МВР, вчера напладне во близина на Соборниот Храм во Скопје Б.Ш. извршил кражба и почнал да бега. При бегството во близина на Влада на кејот на реката Врадар, тој бил забележан од полициската службеничка и скокнал во реката.

По него скокнала и полициската службеничка која пливајќи успеала да го стигне и приведе на другата страна од реката во близина на зградата на Основното јавно обвинителство.