Утре прво прскање против комарци во Скопје

114
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Град Скопје извести дека терестричната дезинсекција, прва фаза, на подрачјето на град Скопје против ларви од комарци, ќе се изврши утре, 25 април во периодот од 8 до 17 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.