Утре изменет режим на сообраќај во Скопје

136

Поради велосипедскиот караван „Скопје на точак 2019“ утре, 3 ноември, дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај.

Настанот ќе почне во 12 часот, а е во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот Илинден, лево по улица Љубљанска, лево по булевар Партизански одреди, лево по булевар ВМРО, па десно по булевар Гоце Делчев, десно по булевар Крсте Петков Мисирков, во продолжение по булевар Кочо Рацин, десно по улица Свети Кирил и Методиј, десно по булевар Свети Климент Охридски, лево по булевар Илинден, до пред фонтаната „Лотос“ во Градски парк.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.