Утре без струја делови од Центар и Карпош

49

Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа, без електрична енергија ќе бидат делови од општините Центар и Карпош.

Без струја во периодот од 05.00 до 08.30 часот ќе бидат корисниците од ул. Македонија, објектите со број: 19, 20, 23, 25, 37, 41 и околните објекти во општина Центар.

Во периодот од 09.00 до 12.30 часот, пак прекин во снабдувањето со електрична енбергија ќе имаат корисниците од селото Бардовци од улица со бр.2., во општина Карпош.