Утре без вода дел од општините Аеродром, Кисела Вода и Сопиште

180

По завршената реконструкција на водоводната линија во делот од булеварот „Србија“ во Кисела Вода до кружниот тек кај Цементарница Усје АД Скопје, заради преповрзување од старата на нова мрежа која постепено ќе се става во функција утре без вода за пиење ќе бидат корисниците од населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона – стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот ќе биде во периодот од 9 часот до завршување на активностите. Кај дел од корисниците во Кисела Вода можно е да има намален притисок додека траат активностите.