Улицата Петричка со нова атмосферска и фекална мрежа

124

Улицата Петричка во Маџир Маало ќе добие нова атмосферска и фекална канализација и реконструирана водоводна мрежа. Изведбените работи се реализираат со грант од Министерството за транспорт и врски. Фекалната и атмосферска канализација ќе биде во должина од 450 метри, а инфраструктурните зафати ќе завршат за околу два месеца.

Градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ, смета дека со овој инфраструктурен зафат ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на овој дел од населбата, кои поради неизградена канализациска мрежа беа принудени да користат септички јами. По завршување на овој зафат, општината Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2.700 квадратни метри.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, во иднина инфраструктурните проблеми ќе се решаваат и во другите општини, а целта е да се инвестира во поквалитетен живот за граѓаните и за нивните реални потреби.