Традиционалната трка на Дедомразовци на 23 декември низ скопските улици

156

Во недела на 23 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град.

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер и на неа може да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километра и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Стартот и финишот на трката се на Плоштадот Македонија, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена Борец, Холидеј Ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку мостот до целта. Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.