Сообраќајниот метеж продолжува со протестот на пазарџиите

177
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пазарџиите од Зелен пазар протестираа втор ден едноподруго, барајќи намалување на цените за паркинг на Општина Центар, со што сообраќајот беше блокиран на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје, на потегот кај дирекцијата на Макпетрол. Полицијата ги пренасочуваше возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар” вчера со соопштение изразија жалење за незадоволството кое пазарџиите го манифестираат преку штрајк и апелираа до нив да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркирањето.