Скопје – Викендов прва авионска дезинсекција

439

Денес и в недела ќе се изврши првата авионска дезинсекција за годинава против возрасни форми на комарци на подрачјето на главниот град, информираат службите на градот Скопје. Дезинсекцијата ќе се одвива во раните утрински часови, а доколку временските услови се непогодни, таа ќе се реализира во првиот нареден ден кога тие ќе бидат погодни. Од градот ги предупредуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Годинава тендерската постапка во градот ја задоцни теристичката и аеросолната дезинсекција, која обично, односно изминатите години се реализираше уште во месеците мај и јуни. Многу граѓани се пожалија од големиот број инсекти во градот, па се очекува со дезинсекцијата конечно скопјани да се спасат од комарците.