Скопјани протестираа за чист воздух

208
Фото: Твитер

Спроведување итни мерки против загадувањето во Скопје, побараа граѓани денеска на протест пред канцелариите на Град Скопје.

На протестот, што се одржа  под мотото „Време е за чист воздух“, беа упатени пораки „И ти го дишеш истиот воздух“,„ Ставете налепници на тешката индустрија“, „Не можам да дишам!“, „Чист воздух, здрави деца“…

Учесниците на протестот потсетија на ветувањата за намалување на загадувањето на воздухот и критикуваа дека  е многу мал износот од 1,5 милиони евра што е проектиран  за таа намена со буџетот.

Приоритет сметаат дека треба да биде проблемот со автомобилите, депонијата Дрисла, да се работи на гасификацијата…  Граѓаните побараа и казни за големите индуструски објекти кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, да се отстрани опасниот линдан од Охис, како и да престане градежната експанзија.