Скопјани постојано се заглавени среде сообраќаен хаос

210

Реконструкциите на голем дел важни сообраќајници во градов сѐ уште траат, а тоа, пак, не е единствената причина поради која граѓаните секојдневно се заглавени по улиците и среде сообраќаен хаос. Уште не заборавиле на нервозите од вчера, бидејќи поради реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков вртат низ цел град преку Автокоманда, поради протест на дваесетина поранешни вработени на ОХИС, повторно сообраќаен хаос и непредвидена ситуација. Повторно дилемата дали ако се патува со автобус по заобиколен пат ќе се стигне навреме таму каде што се тргнало или побрзо ќе се стигне пеш. Граѓаните не знаат веќе што да прават, а од друга страна, пак, деновиве се изнаодеа пеш, бидејќи не знаат каде кој автобус вози и каде ќе им застане. Ете, на пример, вчера никој не можеше да претпостави дека поранешни вработени на ОХИС ќе излезат на протест пред Собранието и ќе предизвикаат блокада на уште една важна градска сообраќајница како што е улицата Димитрие Чуповски. Сиот автомобилски и автобуски превоз оттаму беше пренасочен по улицата 11 Октомври, па потоа по улицата Свети Кирил и Методиј, или поранешна Мито Хаџивасилев Јасмин. Само оние што се движеа вчера по овие улици знаат колку долго беа заглавени во сообраќајните колони, а поради тоа не можеа навреме да стигнат на работа, на мој термин, на состанок… Граѓаните се прашуваат има ли некој што води сметка за проточноста на сообраќајов во градов, за потрошеното време и пари на граѓаните. Скопјани не можат повеќе да предвидат ниту како ќе си одат кон дома, бидејќи повторно нема да знаат од каде ќе им кружи автобусот.