СКОПСКО – инфо

194

Се расчистува патот до „Свети Пантелејмон“

Екипите на Општина Карпош интензивно работат на расчистување на патот од Нерези до „Свети Пантелејмон“. Интензивните поројни дождови и ветришта што ги зафатија општината и градот деновиве донесоа наноси од песок и земја по должината на коловозот кон манастирот „Свети Пантелејмон“ во Горно Нерези.
Повеќе од 40 комунални работници од Карпош во текот на целиот ден го расчистуваат коловозот од Средно до Горно Нерези, како и попатните паркинзи до големиот паркинг околу манастирскиот комплекс. Притоа се отстрануваат наноси од скршени гранки, земја и песок што се собрале од поројните дождови и од водите од Водно.
Се очекува манастирскиот паркинг и коловозот целосно да бидат расчистени во текот на денешниот ден.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Четврта фаза од авионското прскање против комарци

Градските власти ги известуваат граѓаните дека четвртата фаза од авионската
дезинсекција на подрачјето на градот, против ларви од комарци, ќе се
изврши на 10.8.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата,
истата таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските
услови ќе бидат поволни.
Надлежните ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ново детско катче спроти „Скопјанка“

Најмладите добија ново уредено детско игралиште спроти трговскиот центар „Скопјанка“ во населбата Мичурин.
Детското катче е опремено со нови реквизити и со нова урбана опрема што гарантира безбедна игра.