СКОПСКО – инфо

415

Се асфалтира тротоарот на улицата Трифун Бузев во Карпош 4

Општината Карпош почна со асфалтирањето на тротоарот по должината на улицата Трифун Бузев во Карпош 4. Оваа пешачка зона ќе им овозможи побезбедно движење на граѓаните, а особено на учениците во основното училиште „Патар Поп Арсов“.
Оваа сервисна сообраќајница локалната самоуправа неодамна целосно ја реконструира, а сега со асфалтирањето на тротоарот ќе се заврши и делот што е важен за пешаците.

– За да се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел од Карпош, општината поставува „лежечки полицајци“ непосредно до училиштето на улиците Волгоградска и Разловечко востание.

 

Во Аеродром се поплочуваат нови површини за паркирање

Општината Аеродром реализира инфраструктурни активности и деновиве продолжува со редовната санација на пешачките патеки.
Исто така се работи и на поплочување нови површини, а целта е да се создадат нови паркинг-места.
– Деновиве се работи кај трговскиот центар „Три бисери“, каде што се врши поплочување на нов простор, со што ќе се обезбедат нови паркинг-места за потребите на жителите од тој дел на општината.
Исто така, службите вршат редовна санација на пешачките јавни површини во непосредна близина на детската градинка „Лале“ во населбата Јане Сандански.