Симулација на сообраќајка пред Сити Мол

959

Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациска вежба на сообраќајна несреќа, последица од конзумирање алкохол од страна на матуранти за време на прославата на матурска вечер. На местото на настанот ќе биде поставено возило од кое ќе се извлекуваат повредени лица и во тој период во една сообраќајна лента нема да има сообраќајно движење.

Симулацијата, како што соопштуваат од Црвениот крст на Град Скопје, има за цел да ја подигне свеста на младите за совесно и одговорно однесување, неконзумирање алкохол и слични опојни средства, како и пренесување на пораката за грижа за сопственото здравје и живот.

Вежбата ќе биде реализирана од страна на Црвен крст на град Скопје-Тим за одговор при катастрофи и СВР Скопје-одел превенција и во неа ќе учествуваат 15 волонтери заедно со манекените.