Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

219

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Од невремето, десетици дрвја се паднати на неколку локации во градот. Ветерот кој дуваше со 70 километри на час го откорна покривот и на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“.

Булеварот „Партизански одреди“ до три часот по полноќ беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда. Дрво падна и врз градинка во Чаир.

По синоќешното невреме екипите на Град Скопје до раните утински часови ги расчистуваа улиците.

– Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе – напиша градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.

Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје.Се гордеам со Вас добри луѓе !!!

Posted by Петре Шилегов on Среда, 26 февруари 2020