Се чистат диви депонии и училишни дворови во Ѓорче Петров

57

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ започнаа акција за генерално чистење на општината Ѓорче Петров. Комуналните екипи вчера расчистуваа неколку големи диви депонии лоцирани на двете страни од улицата Шарпланинска.

Истовремено се спроведува рачно и машинско миење и метење на улиците, се чистат и училишните дворови, со што ќе се придонесе за почиста животна околина на ѓорчепетровци.

– Во рамките на своите есенски акции, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува и со активностите за чистење на дворовите на образовните институции, додека во текот на вчерашниот ден беше организирано и екопредавање во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“. Учениците ги поздравија градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Наумовски, и помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Етула Амети, кои разговараа со нашите најмлади сограѓани како правилно и совесно да постапуваат со отпадот – информираат од ЈП „Kомунална хигиена“.