Се уредува зеленилото во општината Центар

139

Изминатиот период службите на скопската општина Центар, во соработка со екипите на градот Скопје, работеа на хортикултурно уредување на зеленилото на булеварот Кочо Рацин, во близината на основното општинско училиште „Димитар Миладинов“. Станува збор за поставување нов систем за полевање со прскалки и хидранти на површина од 1.100 квадратни метри.

Од општината потврдија дека по завршувањето на овие активности, хортикултурно ќе се уредува и зазеленува просторот на јавната површина – зелен плоштад. Дополнително, акцијата за кроење и кастрење на вегетацијата, која се одвива во на територијата на повеќе скопски општини, ќе продолжи и во следниот период и во општината Центар. Претходно, зеленилото се средуваше на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов и на улицата Васил Ѓоргов.