Се роди албино-кенгурче во Скопската зоолошка градина

580

Зоолошката доби ново албино-кенгурче, а новиот жител на градината се вика Арчибалд. Албино-кенгурите се вистинска реткост, како и другите албино-животни. Тие се карактеристични по нивното снежнобело крзно и розови очиња и рачиња. Кенгурите во првите месеци ги носат бебињата во џебниот дел што им се наоѓа во пределот на стомакот. Бременоста трае еден месец и откога ќе се родат, наредните неколку месеци, додека се развиваат и хранат, остануваат во џебот на мајката.

Поради оваа причина досега вработените не го имале забележано кенгурчето, старо 6-7 месеци. Инаку, кога се раѓаат кенгурите се навистина мали, големината им изнесува колку една харибо-бонбона. Примарна исхрана на кенгурите им е сезонското овошје, но и зрнестата храна како зобот, овесот и пченката. За жал, кенгурите се алергични на глутен. Арчибалд не е првото албино-кенгурче, двегодишната женка Пикси, која е питома и сака да се гали, исто така е албино-кенгур. За малото албино-кенгурче во зоолошката градина се грижи зоо-негувателката за кенгури Билјана Дрнкова.