Се расчистува дивата депонија кај „Борис Трајковски“

97

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два наврати.

– Од утринава, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината. Исто така, од 16 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа – велат од Општината.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обратил и до СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови.