Се појави сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“, вели дека имал дозвола

1117
Фото: Игор Бансколиев

Мевљудин Алити, сопственикот на дивоградбата кај Мавровка за првпат се појави пред јавноста за време на рушењето на објектот.

– Еве од Град Скопје што сум добил, еве сумата што сум ја платил према Град Скопје, еве ги и потписите од кај Петре Шилегов. Еве го решението за другиот објект, за парцелата од 86 метри квадратни, со потпис, со датум, со се – рече Алити покажувајќи на новинарите цела папка со документи.

Тој тврди дека има одобрение за обнова на објектот кој му изгорел до темел.

– Ова е од Општина Чаир, што сум го добил за расчистување на парцелата кај што се гради сега, на 24 јуни 2020 година. Значи не сум отишол по свој памет таму да градам или да обновувам. Тоа е прво. Второ, ова е едниот од имотниот лист од парцела, еве го од Град Скопје едниот имотен лист, еве ја сумата што сум ја платил, еве го решението од Општина што сум го легализирал за едната парцела. Еве и за другата парцела со елаборат. Еве имотен лист од другата парцела – рече Алити.

Неговиот адвокат, Александар Варела, најави дека правдата ќе ја бараат по судски пат.

Јавноста денеска за првпат го виде сопственикот на градбата кај Мавровка, кој минатите месеци се криеше и покрај тоа што имаше јавен повик тој да се јави за објектот кој се градеше на местото на изгореното кафуле „Фонтана“, на што му претходеше и мистериозно сечење на неколкудецениско здраво дрво во негова близина.


Поведена истрага за бесправно градење објект пред „Мавровка“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 метри квадратни пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган. Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​ – соопшти обвинителството.