Се поставува атмосферска канализација во урбаната заедница Цветан Димов во Кисела Вода

280

Во урбаната заедница Цветан Димов во Кисела Вода се поставува атмосферска канализација на улиците Вера Јоциќ, Тодор Паница, Тодора Паница 1, Вера Јоциќ 1, Вера Јоциќ 2, Георги Димитров, Новопроектирана 1, Михаил и Ефтихиј, Новопроектирана 2, Георги Димитров 1, Дичо Петров, Дичо Петров 1 и на Тоне Томшиќ. На сите овие улици се одвиваат градежни работи за поставување атмосферска канализација, со вкупна должина од 2.712 метри.
Од општината велат дека поставувањето на атмосферската канализација се реализира преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка на Светската банка.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот на советот на Општината, Дарио Шимиќ, извршија увид во работните активности и ги замолија изведувачите да ги зголемат брзината и ефикасноста на изведбата на работите и улиците да се вратат во функција што е можно поскоро.