Сечата на јапонските цреши на „Максим Горки“ оправдана со нивната старост

172

Исечените 13 јапонски цреши на улицата Максим Горки беа стари и болни и на нивно место в понеделник, ќе бидат засадени нови, соопшти Општина Центар.

– ЈП „Паркови и зеленило“, по барање на Општина Центар, вчера и денес изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште в понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје – велат од Општината.

Од таму истакнуваат дека исечените дрвја биле целосно исушени и имале нарушен коренски систем.