Регистриран земјотрес ноќеска во Скопје

440

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа 4 минути по полноќ, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од 1,9 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од граѓаните во Скопје.