Продолжува отстранувањето непрописно паркирани возила во Центар

1852

ЈП „Паркинзи на општина Центар“ во соработка со СВР Скопје и ЈП „Градски паркинг“ и викендов продолжува со отстранување на сите непрописно паркирани возила во општина Центар.

Со цел расчистување на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во централното градско подрачје, денеска и вчера се отстрануваа сите непрописно паркирани автомобили во Дебар Маало, а во наредниот период акцијата ќе продолжи и низ сите населби во општината.

ЈП ПОЦ апелира до граѓаните да ги почитуваат прописите и да не ги паркираат своите возила на коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се наменети за паркинг за да се обозможи нормално движење на пешаците и безбедно возење по улиците.