Продолжен конкурсот за фотографии „Моја скопска приказна“

1833
фотографија: Мила Стаматовска

„Mоја скопска приказна“ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти што го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје.

Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Музеј на современа уметност, на 8 мај 2018 година, а следува парична награда за прво, второ и трето место.

На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa композиција од пет фотографии по учесник на тема „Стари автентични скопски фасади“.

фотографија: Никола Шекутковски

За учество, потребно е да се испратат фотографии од пет различни фасади, кои ќе ја прикажат архитектурата, дизајнот, автентичноста и единственоста на истите. Се бара креативна композиција и јасност во фотографиите. Еден од критериумите за оценување е квалитетот и оригиналноста на фотографијата.

фотографија: Марио Никчевски

Фотографиите не треба да бидат помали од 1MB и не поголеми од 5MB. Истите мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат фотографија со висока резолуција погодна за печатење за изложба доколку фотографијата е потребна.

Моја скопска приказна

Фотографирајте и аплицирајте! #Мојаскопскаприказна #MacedoniaForCulture #EuropeForCultureЕУ ИнфоЦентар

Posted by Moja skopska prikazna on петок, 2 Март 2018

Рокот за конкурсот е продолжен до 18.04.2018 година. Фотографи од сите возрасти и нивоа на искуство се поканети да испратат фотографии од автентични скопски фасади со што ќе добијат можност да освојат парична награда. Фотографиите треба да се испратат преку линк на: office@strymonfilm.mk.

Проектот е во организација на „Стримон филм Скопје“, а со финансиска поддршка на Делегацијата на Европска Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културно наследство 2018.

фотографија: Оливер Настески