Пријавување за „Водици 2019“

536
Фото: Игор Бансколиев

Заинтересираните граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2019“ (положување на светиот крст во водите на р. Вардар), која традиционално ќе се одржи на мостот „Слобода“, во близината на хотелот „Холидеј ин“, можат да се пријават во просториите на Македонската архиепископија, во периодот од 2 до 17 јануари 2019. Кандидатите се обврзани да извршат бесплатен лекарски преглед во Спортска медицина.