Привремен сообраќаен режим на четири делници во Скопје

183
Фото: илустрација

Градските власти информираат дека в недела на четири локации во Скопје ќе се воведе привремен сообраќаен режим со кратки прекини на сообраќајот.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ в недела ќе поставуваат сообраќајни знаци со променлива содржина (VMS) на булеварот „Борис Трајковски“, кај влезот во поранешната фабрика „Стакларница“, на Јадранска магистрала кај натпатникот за Визбегово и на новоизградениот булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел, а ќе се обележува и хоризонталната сообраќајна сигнализација на крстосницата на улицата „Козле“ со улицата „Брадфорска“. Работите ќе се изведуваат од 7.30 до 15 часот.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на овие делници и да ја приспособат брзината на движење со условите на патот.