Привремен сообраќаен режим на улиците околу градскиот стадион

207

Поради фудбалскиот натпревар Македонија – Полска на Арената „Тодор Проевски“ што ќе почне во 20.45 часот, ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот во периодот од 18 до 23 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден“, улицата „Аминта Трети“ и улицата „Наум Наумовски Борче“.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.