Привремен сообраќаен режим на дел од Партизанска

2657

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди ќе биде воведен од денеска до 24 април, информираат градските власти.

Сообраќајниот режим се воведува поради изведување градежни активности за завршно асфалтирање на булеварот Партизански одреди, од улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8 Септември.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.