Преку проект, дружба и маалски детски игри

234

„На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“ е насловен проектот што го почна оваа скопска општина. Целта на проектот е заживување на маалскиот живот и поттикнување на уметничките вештини кај најмладите жители. Замислената програма ќе се реализира под интересен слоган „Остави го таблетот, симни се пред зграда“, а идејата е да се вратат детските игри и маалските дружби во летните месеци, кои во минатото беа препознатлив симбол на скопските населби, а денес се вистинска реткост. Од Центар сметаат дека живеењето во ера на целосна дигитализација и компјутеризација, ги „зароби“ децата пред екраните на телевизорите, компјутерите, таблетите, мобилните телефони.
-Ќе се обидеме и да му го вратиме детски игри како народна, криенка, џамлии, сервис, ластик,велат од Центар