Почнува летното сметање на времето на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“

2141

Од утре започнува летното сметање на времето на паркиралиштата, информираат од ЈП „Градски паркинг-Скопје“.

Како што се наведува во соопштението, работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од 7 до 23 часот од понеделник до сабота.

Во недела паркирањето е бесплатно во текот на целиот ден.