Почнува гасификацијата на Општина Чаир

219

Со потпишување на договорот за приклучување на детската градинка „Снежана“, основното училиште „Исмаил Ќемали“ и административната зграда на Општина Чаир во системот за пренос на природен гас почнува процесот на гасификација на територијата на општината.

Договорот денеска ќе го потпишат градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и извршните директори на ГА-МА АД Скопје.