Почна проект за собирање на отпадните води

554

„Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“ е насловен проектот ИПА 2, чија реализација веќе почна. Градежните зафати почнаа од скопската населба Ново Лисиче во општината Аеродром. Средствата за реализацијата на проектот се обезбедени како инвестиција, финансирана од страна на Европската Унија во износ од над 9 милиони евра и е кофинансирана од буџетот на Република Македонија со 15 отсто, а е предуслов за изградба на пречистителна станица за отпадни води за градот Скопје. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, со воведни обраќања го официјализираат почетокот на градежните активности.