Почна примената на измените за превоз со еколошки такси возила

262
Фото: Дарко Андоновски

Градот Скопје почна да ги применува измените на законот за превоз со еколошки такси возила.

Од Градот велат дека со измената и дополна на Законот за превоз, овозможено е изводите од лиценца за возила за авто-такси превоз кои се еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови (хибридни возила со комбиниран моторен и електричен погон, возила со погон на природен гас-ЦНГ и возила на електричен погон) да не се ограничени, односно да може барателот кој врши авто-такси дејност да може да поднесе барање за повеќе од 10 изводи, но најмногу 5 проценти од вкупниот број на изводи од лиценца за авто-такси дејност утврден со Одлука за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје или максимум 135 изводи од лиценца по барател.

Пред оваа измена и дополна на Законот за превоз, распределбата на слободните изводи од лиценци за сите видови возила беше ограничена на максимален број од три изводи од лиценца за возило месечно, а 10 изводи годишно по вршител на авто-такси превоз.

Советот на Град Скопје со акт ги утврдува условите во врска со вршењето на авто-такси превозот на патници, а се однесува на промена на начинот на издавање на изводи од лиценци за еколошки такси возила со ниска емисија на штетни издувни гасови.