Почна поставувањето нови информативни табли и бележењето паркинг-места во Центар

249

За полесно, попрегледно и пофункционално паркирање во општината Центар, јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“ – Скопје (ПОЦ) почна со бележење паркинг-места и поставување нови информативни табли на сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. ЈП ПОЦ почна со работа од зоната 0 (нулта), а планирано е во следните два месеца да бидат обележани паркинг-местата во сите зони.

Дополнително, старите информативни табли ќе бидат ревидирани и заменети со нови за сите отворени, затворени и резидентни паркиралишта, кои се во надлежност на ова јавно претпријатие. Идејата е со заменувањето на старите и поставувањето нови информативни табли, како и со бележењето на паркинг-местата е да се добијат подобра организација на паркирањето и подобро уредени и безбедни паркинг-места.