ПОЦ: Пазарџиите протестираат затоа што им беа скратени сите злоупотреби

366

Во изминатите неколку дена пазарџиите од Зелен пазар протестираат бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“, велат од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Од таму велат дека голем дел од товарните возила на паркингот се користат за мобилна продажба, а останатиот дел ги злоупотребуваат добиените повластени паркинг карти за вработени во деловен субјект кои служат за паркирање на автомобили, а не за товарни возила.

– Пазарџиите на крајот на работното време пред напуштање на паркиралиштето користат железни колички за пазарење кои сензорот ги препознава како возила и системот за нив автоматски печати билет. На тој начин тие наместо да платат за цел ден паркирање, тие плаќаат само за еден час. ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење – велат од претпријатието.

Пазарџиите неколку дена протестираат поради поскапениот паркинг.