Посебен сообраќаен режим поради трката „Скопје трча 10К 2019“

272

Улична трка „Скопје трча 10К 2019“, и тоа трка на 10 киломери и штафетна трка 2 по 5 километри, ќе се одржи в недела од 8 до 11:30 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје.

Притоа, предвидената траса на движење е од булеварот Илинден (во двете насоки), крстосницата со улица Наум Наумовски Борче (фонтана Градски парк) до крстосницата со улица Никола Парапунов, потоа лево по улицата Никола Парапунов, десно по булеварот Партизански одреди до крстосницата со улицата Ангел Динев (мост Влајко), полукружно назад по булеварот Партизански одредив (во насока кон „Сити мол“) до крстосницата со улицата Љубљанска, па полукружно назад по булевар Партизански одреди, десно по улица Никола Парапунов и десно по булевар Илинден до целта (фонтана Градски парк).