Посебен сообраќаен режим на улиците околу хотелот „Александар Палас“

1501

Поради Дигиталниот самит што денеска и утре се одржува во Скопје, има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта.

Посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.