Посебен сообраќаен режим на улицата Лазар Личеновски поради снимање филм

103

Во четврток и петок во периодот од 18 до 6 часот и во недела и понеделник во истото време на улицата Лазар Личеновски, поради снимање на филм од страна на ДФПУ „Вертиго висуал“ ДОО Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.