Повредени тројца патници на ЈСП откако автобус излетал од патот кај Матка

587

Тројца патници биле повредени откако автобус на ЈСП вчера излетал од патот кон Матка.

Според информациите на МВР, вчера во 18:40 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Долно Матка – село Горно Матка автобус на ЈСП, управуван од М.Б.(55) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од село Матка и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. Причните засега не се познати.